Опис
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.У. (39) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „повреда на слободата на определување на избирачите“. Имено на 24.04.2014 година, пријавениот упатил сериозни вербални закани кон жител на Охрид присилувајќи го него како и лицата блиски до него како да го извршат односно остварат своето избирачко право во интерес на една политичка партија. Пријавениот, со цел да придобие гласови, заканувајќи се на висок тон, барал нивното избирачкото право на 27.04.2014 година да биде во интерес на една политичката партија и со сериозна закана извршил притисок како треба да се изврши и оствари избирачкото право и кое редно бројче треба да се заокружи на гласачкото ливче. Н.У. е лице познат на службата против кого и досега, по повеќе основи биле поднесувани кривични пријави.
| Веродостојност: |
 |
 |
0 |
|
Оставете коментар