Изборни неправилности

Изборните нерегуларности се поделени во неколку категории.

Нерегуларностите во предизборната кампања се однесуваат на роковите во кои се одвива кампањата и на објектите во кои се спроведуваат настаните поврзани со кампањата.

Делот за медиумско претставување се однесува на медиумите. Нерегуларностите го покриваат дозволеното време во кое радиодифузерите можат да емитуваат предизборни активности и реклами, роковите за објавувањето на рејтинзите,  известувањето за цените на рекламирањето и известувањето на ДИК за тоа колку и за кого емитувале.

Нерегуларностите кај финансирањето се однесуваат на прибирањето и употребата на финансиските средства кои се употребуваат за предизборната кампања како и за известувањето за нив.

Нерегуларностите на денот на избори се однесуваат на активности кои се случуваат на избирачките места или во нивна непосредна близина, што опфаќа: нарушување на тајноста на гласањето, семејно гласање, заплашувања и притисоци врз гласачите итн.

Листа на прекршоци

  • Физички напад/насилство
  • Прекршување на предзиборен молк/предизборни рокови
  • Агитирање на избирачко место на ден на избори
  • Уништување на објекти за кампања/плакати/изборни реклами/штандови
  • Кражба на партиски материјал
  • Закана за физички напад
  • Напад на партиски штаб
  • Напад или закана за напад на медиумски лица
  • Гласање во име на друг/групно/семејно гласање
  • Поголем број на гласачки ливчиња од потпишани гласачи
  • Нарушување на тајноста на гласањето
  • Идентични потписи
  • Необезбеденост/нарушеност на изборниот материјал
  • Непомагање на гласач на кој му треба помош
  • Повеќекратно помагање на гласач
  • Гужва на гласачко место/Нарушен ред на гласање
  • Ограничување на пристапот на медиумите
  • Присуство на неовластени лица на гласачко место
  • Заплашување или притисок на гласачите, набљудувачите и членови на изборни органи
  • Нереспонзивност на полицијата при укажана потреба
  • Упатството за гласање и листите за кандидати не се истакнати на гласачкото место
  • Ограничување на правата на овластените претставници и набљудувачите


МОЈОТ ИЗБОР - www.mojotizbor.mk